Судски преводи 2019-08-21T22:32:01+00:00

СУДСКИ ПРЕВОДИ

Во рамките на нашиот Едукативен Центар работи тим на овластени судски преведувачи со долгогодишно искуство.

Судските преводи се потребни кога преводот на одреден документ треба да биде официјализиран и подразбираат преводи на официјални документи од странски јазик на македонски и обратно, кај кои што особено внимание се посветува на доследноста на текстот т.е. на неговото значенско совпаѓање со оригиналот.

Овластениот судски преведувач го преведува потребниот документ на барање на суд, државно тело, правно или физичко лице и при тоа врши заверка со својот печат и потпис со што гарантира за точноста и веродостојноста на извршениот превод.

ПРИМЕРИ ЗА ДОКУМЕНТИ НА КОИ ИМ Е ПОТРЕБЕН СУДСКИ ПРЕВОД:

– Изводи од матична книга на родени

– Изводи од матична книга на венчани

– Дипломи

– Уверенија

– Свидетелства

– Решенија

– Договори

– Статути

– Изјави

– Согласности

– Пономошна

– Потврди

– Понуди

– Барања

– Дозволи

– Лекарски уверенија / извештаи

Итн.