Стручни писмени преводи 2019-08-21T22:29:02+00:00

СТРУЧНИ ПИСМЕНИ ПРЕВОДИ

Тимот на Next Level има повеќегодишно искуство во областа на преведувањето на сложени и обемни преводи. Покрај судските преводи нудиме стандардни писмени преводи од македонски на странски јазици и обратно на:

– Веб страни

– Магистерски и Докторски Трудови

– Семинарски работи

– Презентации

– Книги

– Рекламни брошури

– Флаери

– Прирачници и упатства

– Декларации на производи

Итн.

Испораката на преводот се врши согласно со потребите и барањата на клиентот, во електронска или во печатена форма. Сите преведувачи се обучени за работа со современи техники и алатки за преведување.

Бидејќи преведувањето е една од нашите примарни дејности, ние, на нашите клиенти им нудиме брз одговор, висококвалитетни преведувачки услуги и навремено доставување. Во зависност од Вашите барања и временски ограничувања, секој проект може да биде преведен од еден преведувач или од цел тим експерти што меѓусебно соработуваат.

Специјализирани сме за преводи од областа на правото, економијата, финансиите, маркетингот, трговската дејност, односите со јавноста, рекламирањето, медицината, фармацевтската дејност, техниката, информатичката технологија, инженерството, телекомуникациите, науката, итн.