Специјализирани курсеви 2019-08-29T14:35:43+00:00

Специјализирани курсеви, курсеви за потребите на институции и фирми

Доколку сакате да научите странски јазик брзо и да ги усовршите Вашите комуникациски способности во конкретна област, ние ви нудиме индивидуални курсеви,  специјализирани индивидуални курсеви, курсеви во парови или помали групи.

Наставната програма на овие курсеви е прилагодена согласно со барањата на учениците или потребите на работното место.

Ова е интензивна програма која што ги развива вашите јазични способности во различни професионални области, како Комуникација, Бизнис, Маркетинг, Финансии, Сметководство, Продажба, Право, Медицина, Инженерство и многу други.

Распоредот на часовите, започнувањето со курсот и времетраењето на истиот е по договор со ученикот или со малата група на ученици.

Цел на Курсот

Целта на курсот е усовршување на јазичните способности и збогатување на вокабуларот за професионални потреби како и подобрување на знаењето на јазикот согласно со барањата и потребите на ученикот.

Ние веруваме дека добрата комуникација е клуч за успех во бизнистот.

Специјализирани курсеви за возрасни и средношколци
Возраст 18+
Настава 3 пати неделно по 90 мин
Времетраење на курс 4 месеци
Фонд на часови 32
Распоред од Понеделник до Петок по договор со групата
Специјализирана област Бизнис, Сметковотство, Банкарство, Финансии, Логистика, Информациски Технологии, Туризам, Право, Осигурување, Кулинарство, Архитектура, Инженерство, Менаџмент, Спорт, Медицина, Земјоделство, Полиција, Воздухопловство, Уметност и Дизајн, Убавина итн.
Диплома Согласно со Европската Јазична Рамка
Испит По завршувањето слушателите полагаат завршен тест (писмено и усно) и се стекнуваат со диплома за завршениот степен и специјализираната област.
Напомена Слушателите задолжително треба да имаат познавање од јазикот од ниво B1.1 (3 степен) за да можат да посетуваат специјализиран курс.

Подетално би можеле да ги разгледате насловите и содржината на наставните програми на следниов линк: http://www.careerpaths-esp.com/esp-catalogue

Интензивни специјализирани курсеви за возрасни и средношколци
Возраст 18+
Настава 3 пати неделно по 90 мин
Времетраење на курс 2.5 месеци