СИМУЛТАНО ТОЛКУВАЊЕ
Tолкување во моментот додека говорникот зборува. Толкувачот работи во кабина со, најмалку, еден колега. Говорникот во салата за состаноци зборува на микрофон; толкувачот го слуша говорот преку слушалки и ја пренесува пораката преку друг микрофон речиси истовремено. Учесниците во салата за состаноци го избираат соодветниот канал за да го слушаат толкувањето на јазик по свој избор. Симултаното толкување, најчесто, се користи за големи конференции или состаноци. За толкувањето, е потребна соодветна опрема, како, на пример, микрофони, слушалки и кабини со звучна изолација.
КОНСЕКУТИВНО ТОЛКУВАЊЕ
Tолкување откако говорникот ќе заврши со зборување. Исто така, познато и како толкување „лице в лице“, овој начин на толкување обично се користи за деловни состаноци, преговори, технички семинари, состаноци на комисии/одбори, работилници итн. Толкувачот седи со учесниците, слуша што зборуваат, го запишува тоа на потребниот јазик, најчесто со помош на забелешки, и на крај, го пренесува усно. Нашите толкувачи ќе бидат Вашите уши и уста и ќе Ви помогнат да ја пренесете Вашата порака без напор. Вашите потреби се наш приоритет, и токму поради тоа, нашите толкувачи секогаш внимателно се подготвуваат според доставените материјали, со цел нивната изведба да биде безгрешна.
ТОЛКУВАЊЕ СО ШЕПОТЕЊЕ
Толкување со шепотење (chuchotage, на француски) е толкување каде толкувачот седи или стои до мала група публика на чиј јазик се преведува и, во исто време, толкува со шепотење; за оваа техника не е потребна опрема, но толкувањето може да се врши преку микрофон и слушалки доколку така претпочита публиката. Толкувањето со шепотење може да се користи само кога станува збор за прилично мал број учесници (најчесто не повеќе од тројца) кои седат или стојат блиску еден до друг. Овој начин на толкување најчесто се користи за билатерални состаноци, или во групи каде што само мал број учесници не го говорат јазикот што се користи.
ТОЛКУВАЊЕ ОД СУДСКИ ПРЕВЕДУВАЧ
Во случај на потпишување на договори, нотарски акти и друг тип на документација, како и во тек на судски спорови каде што едната страна не зборува македонски јазик, задолжително е потребно присуство на овластен судски преведувач кој ќе врши усмен превод и толкување на потребната документација или на дискусиите во судницата.
Цената на ваквите преведувачки услуги се одредува по час и го вклучува севкупното време за кое што преведувачот е ангажиран.