СЕРТИФИКАТИ ЗА АКТИВНО ПОЗНАВАЊЕ НА ЈАЗИЦИ
Next Level издава сертификати за активно познавање на странски јазици по претходно извршено дијагностичко тестирање за одредување на нивото на познавање на јазикот. Сертификатот се издава на македонски јазик, но на барање на клиентот може да се издаде на било кој друг странски јазик.
Сертификатите за познавање на јазик може да послужат за вработување, запишување на постдипломски студии, учество на семинари или за намена каде што е потребен доказ за познавање на странски јазик.