Подготовка за интернационални испити 2019-08-29T14:31:56+00:00

Цел на Курсот/Обуката:

Целта на курсот е да се обучат кандидатите за полагање на некој од интернационално признатите испити, да се подигне самодовербата и да се детално да се разработат сите компоненти од бараниот тест.

Очекувани резултати:

По завршувањето на подготвителната обука за одреден испит, кандидатот (во зависност од нивото на познавање) ќе:

  • ја разбира важноста на интернационалните квалификации на странскиот јазик;
  • го запознае детално форматот на тестот, оценувањето, времетраењето на полагањето и валидноста на сертификатот;
  • ги одговара без потешкотии на задачите на испитот, и во однос на структура и содржина;
  • разменува информации, изразува чувства и разменува мислења со соговорник и ќе разбира подолги текстови на различни теми откако ќе ги прочита во зададеното време;
  • пишува есеи, извештаи, жалби, статии, писма и сл. согласно со нивото на тестот;
  • остварува усна и писмена комуникација на теми од секојдневниот живот, како и на покомплексни теми со лица на кои странскиот јазик им е мајчин;

Ова се постигнува благодарение на нашите вискоквалификувани и искусни професори и на користењето на интерактивен метод кој е фокусиран исклучиво на напредокот на ученикот. Ученикот ќе ги подобри своите јазични способности со континуирана работа на задачи кои се идентични по содржина и форма во самиот испит за кој што се подготвуваат. На ваков начин значително се зголемува самодовербата и критичкото размислување на ученикот.

НАПОМЕНА: Одредени интернационално признати испити не го содржат делот Зборување и Пишување. Од исклучителна важност е кандидатот да се информира кој испит му е потребно да го полага пред да се започне со поготовката.

Подготовка за меѓународно признати сертификати
Испит TOEFL, IELTS General & Academic, ESOL Cambridge Tests (KET, PET,FCE,CAE,CPE), BULATS, APTIS,
ILEC, ICFE, BEC, Zertifikat Deutsch, Goethe Zertifikat, TestDaf, DELF, CILS, DELE итн
Настава 60 мин
Фонд на часови Во зависност од нивото на познавање на јазикот на кандидатот
Распоред По договор со слушателот