Курсеви за возрасни 2019-08-29T14:30:31+00:00

Опис на Курсот:

Целта на курсот за возрасни е учениците да се стекнат со јазични вештини за независно користење на странскиот јазик во комуникација во различни ситуации, во писмена форма или усно, да развијат свест за јазикот и културата, да наоѓаат и користат информации и со самодоверба активно да го користат изучуваниот странски јазик на интернационално ниво. 

Возраст 18+
Настава 2 пати неделно по 90 мин
Времетраење на курс 4 месеци
Фонд на часови 32
Распоред од Понеделник до Петок по договор со групата
Диплома Согласно со Европската Јазична Рамка
Испит По истекот на семестарот слушателите полагаат завршен тест (писмено и усно)
и се стекнуваат со диплома за завршениот степен.

Очекувани резултати

По завршување на општ курс по комуникација на странски јазик од одреден степен, ученикот ќе биде способен да:

  • остварува комуникација на изучуваниот странски јазик согласно со завршеното ниво/степен;
  • разменува информации, изразува чувства и разменува мислења со поединци или групи;
  • чита и разбира текстови од различни теми;
  • го разбира говорниот јазик во секојдневни, но и во покомплексни ситуации;
  • ги покажува своите ставови и да ги споредува со ставовите на други луѓе;
  • го користи јазикот за проширување на знаењата во други области;
  • независно да комуницира и во усна и во писмена форма.
Интензивни курсеви за возрасни и средношколци
Возраст 14+
Настава 3 пати неделно по 90 мин
Времетраење на курс 2.5 месеци
Фонд на часови 32
Распоред од Понеделник до Петок по договор со групата
Диплома Согласно со Европската Јазична Рамка
Испит По истекот на семестарот слушателите полагаат завршен тест (писмено и усно)
и се стекнуваат со диплома за завршениот степен.
Летни интензивни кусреви за возрасни и средношколци
Возраст 14+
Настава 3 пати неделно по 120 мин
Времетраење на курс 2 месеци
Фонд на часови 32
Распоред од Понеделник до Петок по договор со групата
Диплома Согласно со Европската Јазична Рамка
Испит По завршувањето на курсот слушателите полагаат завршен тест (писмено и усно)
и се стекнуваат со диплома за завршениот степен и специјализираната област.