За оние ученици(деца и возрасни) кои не се во можност да го изучуваат јазикот во група, нудиме индивидуална настава (еден на еден, од 2 или максимум 3 слушатели).
Опис на Курсот:
Целта на индивидуалните курсеви е учениците да се стекнат со јазични вештини за независно користење на странскиот јазик во комуникација во различни ситуации, во писмена форма или усно, да развијат свест за јазикот и културата, да наоѓаат и користат информации и со самодоверба активно да го користат изучуваниот странски јазик на интернационално ниво.
Воедно, доколку сакате да ги подобрите Вашите комуникациски способности во конкретна област, ние ви нудиме индивидуални курсеви, специјализирани индивидуални курсеви, курсеви во парови или помали групи во различни професионални области, како Комуникација, Бизнис, Маркетинг, Финансии, Сметководство, Продажба, Право, Медицина, Инженерство и многу други.
Очекувани резултати
По завршување на општ курс по комуникација на странски јазик од одреден степен, ученикот ќе биде способен да:
- остварува комуникација на изучуваниот странски јазик согласно со завршеното ниво/степен;
- разменува информации, изразува чувства и разменува мислења со поединци или групи;
- чита и разбира текстови од различни теми;
- го разбира говорниот јазик во секојдневни, но и во покомплексни ситуации;
- ги покажува своите ставови и да ги споредува со ставовите на други луѓе;
- го користи јазикот за проширување на знаењата во други области;
- независно да комуницира и во усна и во писмена форма.
Индивидуална настава за деца
Возраст | од предучилишна до 9то одделение |
Настава | 60 мин |
Времетраење на курс | во зависност од темпото |
Фонд на часови | во зависност од барањата на ученикот |
Распоред | од Понеделник до Петок по договор со слушателот |
Наставна програма | По избор: 1. Наставна програма на Едукативниот Центар Next Level согласно со возраста на ученикот или 2. Наставна програма која ученикот ја изучува на училиште со цел за подобрување на успехот на училиште |
Диплома | Согласно со Европската Јазична Рамка |
Испит | По завршувањето на курсот слушателите полагаат завршен тест и се стекнуваат со диплома за завршениот степен. |
Индивидуална настава за средношколци и возрасни
Возраст |
14+ |
Настава |
60 мин |
Времетраење на курс |
во зависност од тепмото |
Фонд на часови |
во зависност од барањата на ученикот |
Распоред | од Понеделник до Петок по договор со слушателот |
Наставна програма |
По избор: 1. Наставна програма на Едукативниот Центар Next Level согласно со возраста на ученикот 2. Специјализирана програма за изучување на јазикот за професионални потреби 3. Наставна програма која ученикот ја изучува на училиште со цел за подобрување на успехот на училиште |
Диплома |
Согласно со Европската Јазична Рамка |
Испит |
По истекот на семестарот слушателите полагаат завршен тест и се стекнуваат со диплома за завршениот степен. |