Опис на Курсот:
Целта на курсот е учениците да се стекнат со повеќе знаење и вештини во секој од трите едукативни домени: когнитивни, психо-моторни и емоционални. Во овој период децата учат комбинирани вештини, анализираат, вреднуваат и ги организираат сопствените системи на вредности преку процесот на изучување на јазикот.
Возраст | 3то до 9то одделение |
Настава | 2 пати неделно по 60 мин |
Времетраење на курс | 8 месеци |
Фонд на часови | 64 |
Распоред | од Понеделник до Петок по договор со групата |
Диплома | I степен A1/1 и I степен A1/2 согласно со Европската Јазична Рамка |
Испит | По завршувањето на учебната година учениците полагаат завршен тест (усно) и сестекнуваат со диплома за завршениот степен. |
Целта ја постигнуваме со:
- создавање на позитивна атмосфера на часовите;
- избор на активности кои ги мотивираат учениците меѓусебно да соработуваат;
- активности во парови и групи;
- само-евалуација и евалуација на постигнатите резултати;
- развој на независноста на ученикот во процесот на учење и работа, како и поттикнување на одговорноста за сопствениот напредок и за донесувањето на одлуки;
- користење на Интерактивна Бела Табла, мултимедиа и интернет во наставата кои се неопходни за задржување на вниманието на “дигиталната“ генерација на ученици;
- користење на Интерактивни Електронски Учебници и Работни тетратки.