Loading...
Почетна 2019-08-24T16:06:41+00:00

За нас

Основан во 2007, Едукативниот Центар Next Level е лидер во современото образование кој нуди широка палета на стандардни и специјализирани курсеви по странски јазици по сите нивоа и за секоја возраст во согласност со стандардите на Европската Јазична Рамка за Странски Јазици.

Учењето е динамичен процес кое бара активно учество на секој поединец од самиот почеток без оглед на претходно стекнатото знаење. Во Едукативниот Центар Next Level ќе научите како да учите и самостојно да ги усовршите вашите јазични вештини неопходни за размена и користење на информации на глобално ниво – односно ке станете независен ученик.

Ние сме посветени на подобрување на стандардите во изучувањето на јазиците и нудиме највисок квалитет на настава по најсовремени методи и опрема. Училиштето е лоцирано во центарот на градот во високо-опремени простории и најсовремен ентериер со цел да обезбеди пријатна и удобна атмосфера за учење.

Нашиот Метод

Next Level Едукативен Центар

Нашата методологија се фокусира на комуникацијата како најважен аспект при изучувањето на странски јазик.   Со користење на најсовремена технологија, најнови наставни програми  и интерактивни табли, со што ги ставаме интересите и целите на нашите ученици во преден план, им помагаме ефективно и практично да го користат изучуваниот странски јазик.

Нашите групи се внимателно дизајнирани со цел да имате можност да го користете јазикот и да комуницирате со останатите ученици, како и за професорот да има можност да посвети поединечно внимание на секој од учениците. Ние создаваме атмосфера во која се чувствувате пријатно, почитувано и  во која стекнувате нови знаења и вештини, и што е најважно стекнувате самодоверба за самостојна комуникација на странски јазик.

Нашата визија е да им помогнеме на нашите ученици да станат активни граѓани на светот.

Галерија

Настани, Доделување на дипломи
Погледнете ја целата галерија

Слободно контактирајте не