Деца 3-5 години 2019-08-29T14:12:32+00:00
Опис на Курсот:

Целта на курсот е децата да развијат позитивен став кон изучувањето на јазикот, да се стекнат со нови знаења за јазикот и културата, да развијат лингвистички способности и да стекнат навика за работа во парови и во групи.

Возраст 3-5 години
Настава 2 пати неделно по 30 мин
Времетраење на курс 8 месеци
Фонд на часови 64
Распоред од Понеделник до Петок по договор со групата
Диплома Подготвителен курс согласно со Европската Јазична Рамка
Испит По завршувањето на учебната година учениците полагаат завршен
тест (усно) и сестекнуваат со диплома за завршениот степен.
Целта ја постигнуваме со:
  • вежбање на лингвистичките вештини преку слушање, зборување, читање и пишување;
  • користење на Интерактивна Бела Табла која функционира како touch screen и е дигитално помагало со кое се задржува вниманието на учениците и со чија помош се вклучуваат учениците во дискусиите за време на наставата;
  • учење преку игра и активности кои го стимулираат развојот на способностите на детето и го прават процесот на учење забавен;
  • учење преку активности кои ја развиваат интелегенцијата и капацитетот на размислување на детето;
  • учење со помош на методот на Realia и Total Physical Response, преку музика, движење, ритам, песни, цртежи и приказни преку кои децата се поистоветуваат со ликовите од книгите, што всушност позитивно дејствува врз нивната мотивација за учење.